КОНЦЕРТ НА МЕШАНИОТ ХОР „ДРАГАН ШУПЛЕВСКИ“

Вечерва во 20 часот во ликовниот салон од ЦК „Марко Цепенков“ целовечерен концерт ќе одржи мешаниот хор ,,Драган Шуплевски,, при ФМУ – Скопје, по диригентската палка на Сашо Татарчевски. На програмата се дела од Моцарт, Брукнер, Денев, Гајдов, Скаловски, Зографски и Прокопиев.

Хорот ,,Драган Шуплевски,, при ФМУ Скопје е значаен фактор во музичкиот живот на Македонија. Хорот ги потврдува квалитетите и со награди на меѓународни хорски натпревари, како во Варшава Полска, Римини Италија, Краков Полска, …

Loading