АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Добар ветер во грбот може да очекува само оној кој ќе излезе на отворено.

Х

Наместо да се “умре машки” треба така да се живее!

Х

Ни најдобриот кројач не може да скрои народ по желба на владетелот.

Х

Раката на судбината не е ниту лева ниту десна.

Х

Најтешко е да се искоренат оние кои се без корен, а се вкорениле во фотелјите.

Х

Повеќемина се обидуваат да воскреснат иако претходно не умреле.

Х

Сакам да и погледнам на вистината в очи кога е слепа?

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading