КОЛАПС НА ОРАНЖЕРИИТЕ

Kuki mesto krastavici

Десетици хектари земјоделски површини под оранжерии исчезнуваат во продолжение на типската населба. Локацијата е проектирана за градба на луксузни куќи.

Пред педесетина години, од оранжериите на некогашниот ЗИК Прилеп излегуваше огромна продукција на раноградинарски култури. Домати и краставици во декември, јануари и февруари се пласираа насекаде. Во дел од стаклениците се одгледуваа цветови на каранфили. Оранжериите го загубија економскиот сјај со растот на цените на нафтата. Огромните трошоци ги “изедоа” доматите и краставиците. Веќе две децении лете се импровизише производство на корнишони на одржаниот функционален дел од оранжериските конструкции. Но, и тоа исчезна.

Дел од стаклениците ги однесе и ветерот. Неколку хали се урнаа под силата на природната стихија. Искршените стакла придонесоа да се распаднат оранжериите. Некои од наследниците на ЗИК Прилеп кренаа раце.

Loading