„МРДНИ СО ПРСТОТ – НАХРАНИ ГО УМОТ“

„Feed your brain“ или „Нахрани го својот ум“ беше настанот  на Економскиот факултет кој претендира да ги мотивира студентите за патот до успехот преку животните стории на познаните бизнисмени и личности од јавниот живот. Се обратија Сашо Самарџиоски, генерален директор на Прилепската Пиварница, ТВ водителката Лила Филиповска и кореографот Рисима Рисимкин.

-Првата е страст, втората е работа, а третата е фокус. Ако овие три работи ги има на едно место има успех во она што го прават луѓето. Со следење на овие начела може да се успее и во Македонија – рече Филиповска.

-Младите треба прво да веруваат во себе, да имаат сон кој што сакаат да го остварат. Никогаш да не се откажуваат, па макар тоа и на почетокот да изгледа невозможно – рече Самарџиоски.

-Каде и да се наоѓаш, сам си ги создаваш условите и сам ќе успееш во тоа што го посакуваш” – изјави Рисимкин.

Студентите со ваквите настани се пронајдуваат себе си, се насочуваат И се мотивираат што да прават понатаму.

-Сите овие успешни луѓе биле обични студенти. Од нив дознаваме како станале она што се денес – вели студенката Ивана Сурлаџиоска.

-Приказните на успешните луѓе ме инспирираат да станам како нив во иднина. Дознавам како успеале во својата работа – изјави студентот Трајче Маџоски.

,,Мрдни со прст,, е иницијатива со мисија да поттикне поголема граѓанска вклученост во решавање на општествените прашања.

Loading