ПОФАЛБА НА ЛУДОСТА – МОНОДРАМА НА СЕКУЛОСКИ

Приватниот театар „Чин 4 Сцена 5“

Premiera na Pofalba na ludosta

„Пофалба на лудоста“ од Еразмо Ротердамски е најновата премиера на приватниот театар „Чин 4 Сцена 5“. Станува збор за монодрама, во која игра актерот Милан Секулоски, а режисер е Саша Нацевски.

Претставата е првата професионална продукција на театар ,,Чин 4 Сцена 5,,, со која се означува почетокот на еден нов правец во развојот на овој приватен театар. Текстот е драмска адаптација на филозофското дело напишано пред 500 години од холандскиот филозоф Еразмо (Ротердамски).

– Во монодрамата е направена селекција на најинтересните делови. Станува збор за сатирично исмевање и критикување на декадентното општество, во кое мнозинството му дава значителна предност на лудоста (глупоста, незнаењето, униформираноста…), во однос на мудроста и филозофијата. Текстот е избран поради неговата современост, односно поврзаност со денешното време. Текстот, иако напишан пред 5 века, е актуелен и денес, бидејќи ги опфаќа аномалиите во сите општествени сфери на секојдневието, љубовта, бракот, театарот, уметноста, политиката – вели режисерот Нацевски.

Премиерата е закажана за 10 април во големата сала при НУЦК ,,Марко Цепенков,,, а реприза ќе има наредниот ден.

Ансамблот, на 12 април ќе ја изведе претставата ,,Линија,,, која театарот ја направи во соработка со Гимназијата ,,Мирче Ацев,,.  Претставата се игра на италијански јазик, а текстот и режијата се на Маринко Шлакески, професор по англиски јазик и магистер по драматургија.

Loading