СУСПЕНДИРАНИ СИНДИКАЛЦИ

Десеттемина членови на Синдикалниот одбор од Еурокомпозит се суспендирани од директорот, со образложение дека ги носат во заблуда работниците и ги спречуваат да работат. Синдикалците имаат целосна поддршка од своите колеги и го бојкотираат производствениот процес. Бараат смена на раководството, а одредена најава добиле од градоначалникот Илија Јованоски заради што ја одложија блокадата на патниот правец Прилеп -Градско. Доколку се смени раководството ќе се исполни уште еден услов, покрај добиената владина просечна плата и ветување дека во рок од шест месеци да се реши судбината на компанијата.

Loading