ПРИЗНАНИЕ ЗА КОРЕКТНА КОМПАНИЈА

Центар за возила Прва Прилеп

DSCN4760

Центар за возила Прва Прилеп е одбрана како една од компаниите во Македонија која го доби сертификатот за коректноста на компанијата во 2017 година. Успехот се должи на професионалниот и коректен однос кон клиентите. За вработените, признанието претставува кислород за нови работни успеси во релациите со клиентите. Признаена им е љубезноста, секогаш насмеаните лица и готовноста да им помогнат на возачите со професионален совет да управуваат исправно и безбедно возило без стравување од ризици. Третманот на возачите како свое семејство ја прави оваа деловна фамилија одговорна компанија со раскошна понуда на услуги, посветена на безбедното учество на возачите и патниците во сообраќајот.

Центар за возила Прва Прилеп со станиците во Прилеп и Крушево носи 60 годишна традиција во испитувањето на возилата за безгрижно учество во сообраќајот преку технички преглед на сите видови моторни и приклучни возила, издавање на меѓународни возачки дозволи, полномошно за управување туѓо возило во странство, хомологации на сите видови возила, цемт и АДР прегледи и атестирање на преправени возила. 

firma

Сертификатот ја потврдува добрата репутација и влијае на подобро и полесно привлекување на нови клиенти. Фирмите со ваков сертификат ги обединува одличната услуга или производ пред секој нов потенцијален клиент.

Инаку, фирмата која го доделува сертификатот ги анализира перформансите и генерира коефицент кој позитивно влијае на подемот на компанијата. Анализата е софтверска. Така што сертификатот е сликата за брендот, минат низ филтерот на македонските компании со коректна репутација на интернет. Станува збор за избор на задоволните клиенти или за потенцијалните клиенти кои сакаат да знаат дали некоја компанија е сигурна и веродостојна. Само компании со највисок позитивен коефицент добиваат сертификат, етаблиран на европскиот пазар од 2012 година.

Loading