PEPSICO ЈА НАГРАДИ ПРИЛЕПСКАТА ПИВАРНИЦА СО НАЈВИСОКО ЗЛАТНО ПРИЗНАНИЕ

pepsiko

Прилепската пиварница е добитник на највисокото, златно признание од годишната награда PepsiCo Caleb Bradham Quality Excellence. Caleb Bradham наградата се однесува на квалитетот на PepsiCo производите низ целиот свет и ги оценува врвните перформанси во однос на високиот квалитет и безбедноста на пијалоците. Златното ниво на наградата е доделено само на 18 компании во целиот свет, а Прилепската пиварница е една од нив.

-Ова е прво вакво признание за Прилепската пиварница и е од исклучително значење, затоа што стандардите, коишто компанијата PepsiCo ги поставува и коишто ние ги исполнуваме, се навистина големи, а критериумите комплексни. Наградата директно значи дека сме достигнале високи перформанси во текот на изминатата година во однос на производството, квалитетот и исполнување на критериумите за безбедност на пијалаците и за дизајнот на самите производи. Овие параметри се од фундаментално значење за секој производител, затоа што се однесуваат директно на потрошувачите, а тоа е најважно за PepsiCo како глобално призната компанија – изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница.

Во оценувањето на квалитетот на пијалаците од брендовите на PepsiCo учествуваат сите компании од целиот свет и постојат три нивоа на награди – злато, сребро и бронза. Перформансите на компаниите полнители се проценуваат според дефинираните критериуми и се доделуваат признанија и награди соодветно на исполнетоста на бараните резултати.

Loading