ЗА СЕКОЈ ПО 22 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ

Вработените во Еурокомпзит добија пари од државата

eurokompozit

Вработените во Еурокомпозит го добија надоместокот од државата на една просечна државна плата и штрајкот го ставија во мирување. На вработените во претпријатието за наменско производство им е исплатен надоместок од по 22.000 денари. Владата работи на трајно решение, соопштија од прес-службата. 

– Министерството за внатрешни работи ја исполни обврската и изврши авансна исплата. Министерството за финансии ги префрли парите на Еурокомпозит, со што е обезбеден надоместок од 22.000 денари за секој од вработените – соопшти Владата.

Во насока на трајно решавање на проблемите во фабриката 11 Октомври Еурокомпозит, Владата ќе обезбеди финансиски средства за изработка на финансиска и правна анализа за компанијата и ќе се разгледаат мерки и можни решенија за системско решавање на наталожените состојби од изминативе години.

На владината седница, МВР беше задолжено да ја продолжи реализацијата на договорот со Еурокомпозит, да изврши репрограмирање на обврските кон компанијата и да изврши авансна исплата на обврските предвидени со договорот за изработка на производи наменети за потребите на Министерството.

Инаку, вкупно 260-те работници штајкуваа на прилепските улици, вршеа блокада на патниот правец Прилеп – Градско барајќи исплата на 16 плати и придонеси од јули 2012 г. Според Роберт Богданоски, претседател на синдикалната организација, работниците бараат и смена на менаџерскиот тим.

Loading