БУКЕТИ НА ПЕНЗИОНЕРКИТЕ

Пред 8-ми март

DSC04052

Пред празникот на жената, 8-ми Март, над 250 пензионерки од населбите Рид,  Варошко маало, Бончејца и Точила имаа заедничка дружба. Со честитики и букети за Денот се придружи и градоначалникот Илија Јованоски, кој на женскиот дел од луѓето од третото доба им посака многу здравје и среќа. Со звуците на убавата македонска музика, со песна и оро, заедно ја одржаа традицијата на прослава.

– Го одбележуваме и 8-ми Март. Ја запазуваме традицијата, обичаите, религијата, државните празници. Организираме екскурзии – вели пензионерката Блага Тутеска.

Празничната пограмата беше збогатена со реферати посветени на улогата на жената во општеството и историската борба за права и рамноправност.

DSC04015

DSC04016

DSC04019

DSC04020

DSC04042

DSC04049

DSC04050

Loading