АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Х

Комедијантите во политиката создаваат трагедија за народот.

Х

Пред тебе сите се крстат. Зад тебе се подготвени да те прекрстат.

Х

Толку им пораснаа апетитите што започнаа да се јадат меѓу себе.

Х

Дали се храниме како стока затоа што така не третираат?!

Х

За каков дијалог ми зборувате кога јас гледам од свој агол, а тој низ нишанот на  неговата пушка?

Х

Долго го оставија да чека и го – начекаа.

Х

Кога ќе те удрат со твој камен по глава, ред е да провериш што имаш во неа.

Д-р Хаџи-Васков”

Loading