ДВАПАТИ ПО 165 КРУГА

Стрелаштво

Во Велес, на Првиот државен куп од националната програма со воздушна пушка, успешно настапија членовите на Стрелец. Кај девојките најдобра, второпласирана е Ирина Јованоска со 165 круга, додека Фросина Конеска и Ивона Бундоска погодија по 136. Сите заедно екипно се први. Кај машките настапија четворица: Давид Лазарески со 165, Мартин Димитриоски со 164, Михаил Балабаноски со 163,Филип Гелески со 115.

Вториот куп е по три недели.

Loading