СИТЕ ВИДОА ОФСАЈД, ОСВЕН СУДИЈАТА

Фудбал

Најубаво е кога причините за неуспехот се бараат во своите редови, но секое правило има исклучок. И во неделата, во Битола, Победа со головите на Најдовски од пенал и два на Гешоски изваде само 3-3 со Шкупи. А проблемот е кај помошникот – судија. Гостите израмнија со гол од офсајд, кој го видоа сите на стадионот. Ситуацијата е потврдена низ ТВ-снимка. Но, само судијата не видел. Од Победа се огласија со предлог за воведување ВАР систем, технологија со камери, чии снимки се земаат предвид при судиските одлуки. Досега е употребуван во УЕФА, Италија, Англија и Германија.

Победа в недела е гостин на Шкендија во Тетово.

Loading