КОНЕСКА ТРЕТА ВО ФРАНЦИЈА

Историја

Во февруари 1971 година убав успех постигна атлетичарката на Трети ноември, Славица Конеска. Таа го освои третото место на Меѓународниот крос во Медизон, Франција, во должина од 2000 метри. Одличен пласман со оглед на конкуренцијата од докажани европски атлетичарки. Првото место го освои Французинката Колет Бесон, носителка на златен медал од Олимпијадата во Мексико.

Конеска беше најдобра меѓу сите претставнички на Југославија.

Loading