ДОМАШНИ ТРИКОВИ ЗА ЧИСТА КУЈНА

Готвењето понекогаш можеда биде задоволство, но чистењето никогаш. Товар се остатоци од храна, мрсни садови и нечистотија.

Кујната постојано да биде чиста, треба да се практикуваат едноставни трикови.

Вратете го сјајот на металните садови. Ако тенџерињата и тавчињата повеќе не се сјајни како порано, наместо да купувате нови, направете смеса од сода бикарбона, хидроген пероксид и течен сапун. Испрскајте ги садовите и оставете ги да постојат. Потоа истријте ги и исплакнете ги. Тие ќе сјаат пак како нови.

Машината за садови се чисти од време навреме. Наместо со специјално средство, можете да ја светнете со лимонова киселина. Наместо детергент, ставете лимонова киселина и пуштете ја да работи. Таа ќе ги разгради остатоците од храна и ќе ја дезинфицира машината.

Апаратите од нерѓосувачки челик наместо да ги чистите со препрати, кои може да ги оштетат, исчистете ги со сода бикарбона. Испрскајте ги на краевите, и тријте со кружни движења со стара четкичка за заби. Ќе сјаат за неколку минути.

Наместо да купувате освежувач за воздух, пресечете лимон на половина и оставете го во кујната. Просторот ќе мириса свежо и пријатно.

Мрснотијата од микробрановата печка се чисти со лимонов сок . Поминете ја микробрановата печка со сокот и оставете да постои 5 минути. Потоа избришете со крпа.

Мрснотијата на тостерот ќе излезе лесно ако го истриете со четкичка за заби. Можете да го протресете да излезат трошките и од непристапните места.

Дрвената штичка за храна со времето, со сечкањето храна добива дамки. Освежувањето се чини со смеса од сол и оцет. Оставете да отстои неколку минути на проблематичните места, истријте со четкичка и исплакнете.

Рѓосаните ножеви ќе сјаат ако ги потопите во концентриран лимонов сок. По неколку минути извадете ги и избришете ги. Ќе бидат како нови.

Loading