БАБИН ИЛАЧ

Старите не биле „заостанати“ или недоволно медицински образовани, туку луѓето од колено на колено пренесувале што знаат. Во секое село или град имало луѓе кои лечеле крајници, неплодност, чиреви и така натака.

Децата родени во 60 и 70 години ретко примале инекции поради воспалени крајници, оти поефикасни биле бабините методи. Се дезинфицирал показалецот со малку алкохол и шеќер. Детето го ставал прстот во устата и се притискало на двата крајника. На тој начин се истиснувал гнојот од крајниците и воспалението веднаш завршувало.

Против болки во  грбот во гевгелиско ги викаат ,,вандузи,, а ,,чаши,, во други места низ Македонија. Се легнува на стомак, се земаат мали стаклени чаши, се пали мал памук се става во чашата и на грбот а кожата не гори. Само ја вовлекува како вакум. По еден третман болките  на грбот исчезнуваат. Овој метод се користел и при настинка.

Против  црвенило и јадеж од инсект, бабите користеле пепел. Местото го премачувале со пепел или со земја, а понекогаш и со босилек. Се триело местото да го извлече осилото или другиот бодеж од инсектот.

Да се сметне високата темперетура се ставаат натопени чорапи со оцет оти растворот ја влече топлината.

За болка на грлото се користи праз и маст кој с евитка во крпа и се става околу грлото. Втор ефикасен рецепт е маст и бибер, а трет лук и топла ракија.

За да се отне носот се сецка лук и кромид. Смесата се става на местото во близина на леглото, ако сакате во текот на ноќта да не ве буди затнатиот нос.

Против оток се стаа на отеченото место лист од зелка. Отокот брзо се повлекува. За џумка пак се џвака леби и се става на отокот дирекно. После се притиска.

Старите ги мачкале брадавиците со лист од смоква. Кога ќе се скине листот, тој испушта белузлава течност со која се мачка брадавицата. Оваа течност е лек и за болки во ушите. Само што се капнува по една до две капки.

Најдобар лек против кашлица е чај од босилек, а главоболката минува ако се врзи жив компир на главата

Против забоболка пак се користи истолчен лук и сол кои се ставаат на местото од болниот заб.

Пролив се лечи со едно излупено и исецкано јаболко на парчиња кое се вари на пареа додека не омекне. Доволно е едно јаболко дневно.

Зарипнат глас се враќа со гаргара од солена вода или со чај од камилица или магдонос. Погодно за омекнување е и живото јајце. 

Киселините во желудникот изчезнуваат со неколку зрна ориз и со голтната семка од маслинка.

Loading