ПРОДОЛЖУВА ЖЕНСКАТА ЛИГА

Ракомет

Според одлуката на РФМ пролетниот дел од Женската лига ќе продолжи викендов. По двомесечна пауза на ред се натпреварите од 15 коло. Екипата на Деспина дома в сабота игра со Овче Поле од Свети Николе. Табела: Вардар 42, Пелистер 28, Металург и Куманово по 27, Вардар јуниор 23, Деспина 9, Гевгелија 5, Овче Поле 4. Што се однесува до Купот, четвртфиналето е закажано за 21 и 22 април, а завршницата на 19 и 20 мај.

Машката Супер лига има поинаков систем, со основен дел и плеј-оф, односно плеј-аут. Од основниот дел остануваат уште четири кола, кои ќе се одиграат по 3 март. Екипата на Прилеп во борбата за опстанок дома ќе се сретне со Вардар јуниор и Охрид, а на гости со Еурофарм Битола и Радовиш. Табела: Пелистер 36, Еурофарм 28, Пролет и Охрид по 25, Радовиш 14, Прилеп 13, Борец 10, Металург ј. 7, Вардар ј. 6. Плеј-аутот е низ 10 кола. Купот е со завршница на 19 и 20 мај.

Loading