ПЧЕНИЦА СО КОНОПНИ ЗРНА ЗА ТРИМИР

Trimir so posna trpeza

Познатиот прилепски специјалитет „пченица со конопни зрна“ задолжително се подготвува за Тримир покрај посните јадења грав, посна сарма, зелник, боза, парени слатки, портокали…

– Пченицата се вари, а од вечер се киснат и конопните зрна. Другиот ден се мели пченицата и конопните зрна. Се става топла вода во зрната, се исцедува течноста за да биде бела и после тоа заедно се мешаат пченицата и конопните зрна и тоа е бренд на прилепскиот Тримир – вели Марија Михајлоска,  членка на здружение „Преродба”.

На Тримир младите невести, армасаните, се канат кај мајките дома на ручек за да бидат благословени од мајките, да имаат добар брачен живот, да имаат дечиња, да имаат поголеми фамилии.  и слично. Оние кои држат Тримир ниту јадат, ниту пијат од понеделник до средата, тоа е третиот ден по Прочка.

Loading