ЕНЕРГЕТСКА ДОЛИНА – ПРИЛЕП

mak struja na sonce

Прилепското друштво за иновации и патенти како едно од најактивните во Македонија смета дека во Прилеп постојат предуслови за развој на повеќе видови на обновлива  енергија, хидро енергијата… Затоа покрева иницијатива за создавање зелена енергија со проектот, Прилеп како енергетска долина.

-Од досегашни активности и сознанија во потрагата по нови извори на енергија се наметнува потребата за решавање на енергетските ресурси од обновливи  незагадувачки извори, вкучувајќи ја и енергетската ефикасност. За вклучување во проектот покажуваат интерес физички и правни лица, а друштвото е во контакт со светските реномирани компани. Друштвото планира да ги повика на соработка сите заинтересирани субјекти во градот и проектот, Прилеп како енергетска долина, да се вклопи во развојната стратегија на градот – вели претседателот Живко Ширкоски.

Zivko Sirkoski

Инаку, друштвото со членовите е наградувано на меѓународни саеми. Доби покана за учество на меѓународниот саем Архимед 2018 Москва во април 2018 г. Поканата е за презентација на трите патенти наградени на меѓународни саеми со највисоки признанија, како што се наградата со ликот на Никола Тесла и наградата Михајпо Пупин. Доколку друштвото учествува на саемот, ќе ги претстави и Прилеп и Македонија.

Loading