КАНАЛИЗИРАНА ДАБНИЧКА

6 Sekavanja naviraat od korozoto nad kanal i pod topolite

Бетонирање за канализирање на Дабничката река за поштата на ул. „Мице Козар“. Вода тече под споменикот на Александар, под рекламите, пред Участакот, до коритото на Градската река кај старата автобуска станица.

Од секогаш тука се создавале проблеми со дотеците вода од Мукос планина. Градските власти пред шест децении ја припитомиле со бетонско корито дивата река, да не се излева со поројните врнежи. Одводниот тунел, поради растреситото тло и зафати од сличен тип, како на каналот на ул. “Вера Циривири”, се оштетувал, распукувал и  создавал дупки. Над каналот на Дабничка минуваат товарени камиони со десетици тони блокови мермер. Не е лесно градбата да издржи 60 години.

Loading