СТАРТ СО ПРВАТА РЕПРИЗА НА „КЛЕТНИЦИ“

Годинава

Pogolemiot del od anasamblot na   teatarot

Ансамблот на театарот со изведба на претстави годинава ја почнува на 24 јануари со првата реприза на претставата „Клетници“ од Виктор Иго, во режија на Мартин Кочовски, што премиерно беше прикажана пред новогодишните празници. Претставата не бега од темата дека сите сме клетници и дека секој ден стоиме на еден универзум од наши, нечии трагедии, конфликти, проблеми, фатални опасности. Преку текстот се зборува за револуционери кои се на поинаков начин раздвоени во ставовите. Основната нишка е “ништо не е да се умре, страшно е да не се живее”.

На крајот од јануари, додека се чека одобрување на програмата за годинава, ќе се прикажат “Ништо без Трифолио” и “Хроника на еден сон”.

Театарот до Министерството за култура, по објавениот конкурс за годинава, достави шест апликации за театарски претстави. Се бара поддршка за “Пиреј” од Петре М. Андреевски во режија на Љупчо Ѓорѓиоски, на “Галеб” од Чехов, во режија на Нела Витошевиќ, “Демократија” од Бродски, во режија на Кирил Петрески. Планнирано е обновување на “Крпен живот” во режија на Андреј Цветановски, како и “Антигона” по Софокле во режија Кристина Димитрова, и детската претстава “Пинокио” во режија на Дарко Ковачевски. Колку од овие пријавени проекти ќе бидат прифатени и ќе бидат финансирани од Министерството за култура ќе се знае до крајот на јануари. 

Loading