МОДЕРЕН РАЗВОЈ НА БИБЛИОТЕЧНАТА ДЕЈНОСТ

Bibliotekata ce se nadograduva so    nov magacinski prostor

Библиотеката  и годинава, со максимална ангажираност, ќе се стреми непречено и ефикасн да ја извршува библиотечната дејност. Ќе создава поволни услови за развој, односно привлекување на што повеќе читатели и збогатување на постојниот фонд на книги за позајмување. Усвоената програма ќе придонесе за научно образовниот и културниот развој на населението во општината, а за што ќе бидат потребни над осум милиони денари.

Главен акцент ќе биде ставен на набавка на нова литература, на издавачката дејност и обезбедување на магацински простор.

– Планираме збогатување на книжните фондови со нова литература од сите области, примена на современи библиотечни новини, унапредување во автоматизирањето на библиотечните процеси, дигитализација на публикациите од нашата издавачка дејност, професионален развој на вработените, доусовршување на вработените за работа со COBISS програмата, грижа за развивање на навиките за читање кај децата, продолжување на проектот “такси книга”, со кој им се овозможува на лицата со посеби потреби бесплатен и непречен пристап до книгата, бесплатен упис на лица од ранливи категории. Ќе се интензивира меѓубиблиотекарската соработка. Ќе се организираат промоции и литературни средби. Планираме да го решиме недостигот на магацински простор – велат од библиотеката.

На полето на издаваштвото се планираат неколку публикации – “Монографија за старите занаети на Прилеп”, “Каталог на раритетна збирка на Библиотеката”, “Поетско Маркукуле” и “Библиосвет”. Ќе се врши и заштита и репрографирање на оштетени книги. Сите активности се насочени за подобрување на услугите кон корисниците.

Loading