ДОЈДОА АРГЕНТИНЕЦ И ФРАНЦУЗИН

Фудбал: Почнаа подготовките на Победа

– Тие се на проба, како уште неколкумина што ќе се приклучат

Vo soblekuvalnata na Pobeda

Поради тешкотиите со кои се соочуваше во зимската пауза, а сето тоа придружувано со информации и шпекулации, симпатизерите на Победа се загрижија за натамошното функционирање на клубот. Темните предвидувањата не мора да се остварат. Има лоша и добра страна сегашната состојба.

Негативното е што заминале дури 11 првотимци. Најмногубројни се битолчаните Ристевски и Мустафов (Албанија) Илијовски, Мирчевски, Неданоски, Маневски, потоа скопјанецот Најдовски (Шкупи), кичевчанецот Цветаноски (Ренова), а од прилепчаните на таков потег се одлучиле Шаркоски (Работнички) и Илиески. Далеку, во родната Австралија, бил резервниот голман Ајман.

 Позитивно е што луѓето во клубот придонесуваат за поволна атмосфера.Така дел од првотимците гледаат перспектива и одлучија да останат. Тоа се: Талески, Јованоски, Котевски, Ј. Наумоски, М. Наумоски, Гешоски, Крстески, Карчески, Ацески, Димитриоски, Трајкоски. Празните места ги пополнуваат младинците. Сигурно ќе има странци. Србинот Станиќ и Азербејџанецот Хумбатов најавиле враќање. На проба веќе дојдоа Камерунецот Усаин Мунпаин од Аргентина (стопер) и Мароканецот Отман Емауина од Франција (шпиц). Ним ќе им се приклучат уште неколкумина одбрани од шефот на Стручниот штаб, Славољуб Бубања.

Минаа прозивката и првиот тренинг, а првиот тест е во вторник со Шкендија во Охрид.

Работа на стадионот

Има работници и механизација за реконструкцијата на градскиот стадион ,,Гоце Делчев”. Посветени се на рефлекторите на западната страна. Со  работа и во зима, има надеж дека стадионот поскоро ќе го добие саканиот лик.

Loading