Чешка
Зоран Даноски не може без Чешка. Каде да оди, се враќа таму. Од есеноска е во второлигашот Прибрам, со кого покажува одлични резултати. На табелата е на 3 место, со убави шанси за пласман во Првата лига. Во клубот е меѓу најистакнатите, а на листата од стрелците е втор со 4 гола.
Даноски играше на турнирот „Свети Никола“, каде го освои второто место со екипата Зоки 2006, по поразот во финалето со 0-1 од Марфил.