ПРОФЕСИОНАЛЦИ СЕ БОРАТ ЗА ПЕХАРОТ

Турнир во мал фудбал „Свети Никола

Стартуваше турнирот во мал фудбал „Свети Никола“, Премиерен беше мечот ПС Прилеп – Коњска сила Демир Хисар (3-1) од сениорската конкуренција, каде учествуваат 33 тима во 8 групи од целата земја.  Пионерски се 11, а ветерански 9.

Од првиот ден се и следните реултати: Мулти Фикс – Скара Балче 4:3, Теа Андра – Теко Солар 1:3, Булат Констракшн – Мит Карнем 8:3, Ковалски Теракота – Инфинити 3:0, Витаминка – Центар за возила Прва 3:0, Сливница Црнилиште 6:1.

Учествуваат и рекреативци, аматери, а фаворити се тимовите со професионалци и прволигашки играчи.

Финалето е на 28 декември, а наградниот фонд е 330.000 денари.

Loading