БЕЗ НОВОСТИ ОД ПОБЕДА

Фудбал

Засега нема промени во прволигашот Победа, откако почна одморот по завршувањето на есенскиот дел од сезоната, на 3 декември. Нема најава за нови, заминувања, никој нема побарано исписница меѓу фудбалерите. Се чека одлука околу тренерот Славољуб Бубања, кој пред враќањето во Црна Гора рече дека е расположен 100 отсто да работи и напролет. Навивачите очекуваат новости пред првиот собир по Божик. Што се однесува до зимскиот преоден рок, извесно е дека ќе биде од 15 јануари до 11 февруари.

Пролетниот дел стартува на 14 февруари со пелагониското дерби, Победа – Пелистер.

Loading