20 ОТСТО ПОНИСКАТА ЦЕНА НА ВОДАТА

Прес конфренција на Илија Јованоски на 25 септември како кандидат за градоначалник

IMG 9496

Целиот мој живот му го посветив на Прилеп и Вам, граѓаните. Мој предизвик и моја обврска е Прилеп да биде место за достоинствен живот за сите. Затоа, ставаме крај на криминалното владеењена ВМРО-ДПМНЕ, на Марјан Ристески, на Никола Груевски и нивната криминална тајфа.

Изминативе три месеци во Македонија, Владата на СДСМ ја врати слободата и демократијата. Сите процеси тргнаа напред. Сигурно чекориме по патот на економската консолидација и обезбедување пристоен живот за сите! Граѓаните даваат масовна поддршка на политиките “За живот во Македонија”. На овие избори го враќаме животот и на локално ниво.

Градиме инфраструктура по план, одговорно, квалитетно и домаќински. Патишта, улици, канализации за сите. Обезбедуваме повеќе пари за општините, а со тоа и повеќе можности и повеќе пари за секој граѓанин.

Со мене како градоначалник, со целосна поддршка на советниците од коалицијата на СДСМ, особено со ваша поддршка, Прилеп ќе биде современа, функционална, достапна и услужна општина за сите. Гасифицирана општина! Тоа значи, намалени трошоци и за домаќинствата и за компаниите. Дополнителен ефект ќе биде чиста животна средина, наместо загаден воздух!

Веднаш ќе ги намалиме сметките за вода,за 20 отсто!

Две нови детски градинки за соодветно згрижување на секое дете, а не како досега, гарантирано место со партиска книшка! Освен покачувањето на пензиите од 2160 денари годишно, воведуваме бесплатен јавен превоз за сите пензионери, секој работен ден од 09 – 11 часот! Младите луѓе не се само наша иднина, туку и наша сегашност. Да им помогнеме да се вградат во нашата општина.

Loading