ПАРТИЗАН ДО ВРВОТ

Трета

Заврши есенскиот дел од Третата лига – Центар, каде за почит се резултатите на Партизан Обршани. Има одличен биланс – два пораза, еден нерешен и 10 победи. Последниот успех беше со 0-1, кај Младост во Кривогаштани. Таму домаќинот уште во 9 минута остана со играч помалку на теренот, а голот го даде Х. Тодоровски. Напролет реални се шансите за исчекор кон второто место. Дури и кон врвот.

Останати од 13 коло: Питу Гули – Слога 2-0, Напредок Крушеани – Росоман 2-5, Превалец – Братство 3-3, Г. Коњари – Бабуна 1-2.

Табела: Вардар Н. 34, Бабуна 33, Партизан 31, Росоман 28, Питу Гули 25.

Loading