ЈОВАНОСКИ ЛАЖЕ ДА ГО СКРИЕ НЕПОТИЗМОТ

ВМРО – ДПМНЕ     

Во услови на безидејност и немање капацитет за решавање на проблемите на граѓаните Градоначалникот Илија Јованоски пласира лажни информации преку сензационалистички изјави! Ве доведува во паника немоќта за реализација на ветените крупни проекти во предизборнието.

Ве потсетуваме да не ја забавувате јавноста со паушални прес конференции полни со невистини и лаги, прикажувајќи ја Општината како недомаќинска во изминатиот период и дефокусирајќи ја јавноста за неработењето и од актуелните деструктивни политики на СДС.

Пред да демантираме за намерно погрешно прикажаната финансиска слика на општината со преувеличените суми, да потсетиме дека локалната самоуправа во повеќе наврати беше прогласувана за една од најдобрите во Македонија – општина со финансиска стабилност, со европски просек на број на вработено и со најмногу реализирани проекти во земјава. Градоначалникот претенциозно прикажува долг од 75 милиони денари по објавени тендери и потпишани договори. Потсетуваме дека тоа се распишани тендери по изгласани програми и усвоен буџет од советот на општината, чиј советник бевте и Вие. Тоа се тендери кои се во тек, кои ќе бидат реализирани во иднина – но и не мора доколку мислите дека е тоа во интерес на граѓаните!

Како прикажувате долг на нешто што не е реализирано!?

Штом сметаат тендерите за тековното работење и реализирање на проекти за подобрување на условите за живот на граѓаните, зошто не ги прекинете и стопирате? Напротив, гордо се сликате со проектите реализирани токму од тие тендери и ги прикажувате како ваши.

Тврдите дека општината има долг над 60 милиони денари за земен кредит од Светската банка. Тоа е точно, но потсетиме дека кредитот е земен со одобрување од советот на општината во кој и Јиованоски учествуваше како советник и тој знаете дека кредит беше наменет за реконструкција на влезот од градот на потегот од Лук Оил до Солидност со што Прилеп доби безбеден и модерен влез.

Велите има 36 милиони денари – ризици од тужби! Се работи за наплата на средства направени не по вина на општината за кои има судски постапки со цврсти докази .

Возилата биле земени на лизинг. Смешно! Па која јавна институција не зема возила на лизинг за нејзините тековни потреби. И тоа не се луксузни и скапи возила туку тоа се  Шевролет спарк и Шкода.

Општината има  тековни 30 милиони денари за функционирањето на општината, обврски како улично осветлување,вода и сл.  кои редовно се сервисираат од нејзиниот буџет до крајот на годината, со што Општината е една од финансиски најстабилните и најсолидни во Македонија.

Зошто не кажувате колку средства има во моментов на сметката од буџетот на општината и колку побарувања има општината по разни основи!?

Дали знаете колку милиони евра долг и беа оставени на општината пред 12 години кога ја презедовме од владеење на СДС и колку буџети однапред беа потрошени?

За да не ги замајувате граѓаните и како што викате „тендери дадени на ВМР-овски фирми”, потсетиме дека и ова не поминува кај граѓаните, според Законот за јавни набавки каде изборот на фирми на тендер е исклучиво по електронски пат и нема никаква можност за влијание на како што сакате да прикажете. Затоа СДСМ го менува овој закон,со нетранспарентни елементи што е одлика на СДС.

Бројот на вработените во општината е со европски просек според број на жители. Но, го расипавте просекот уште првиот ден од доаѓањето на функцијата со експресно вработување на повеќе лица со „договор на дело”, меѓу кои и внуката од сестра. Нели ова беше непотизам!?

Потсетуваме дека претходната локална власт направи многу во интерес на општината! Времето истекува. Ветувањата беа големи и сега сте на потег!  Граѓаните чекаат! 

Loading