ЈОВАНОСКИ НА МЕСТОТО ОД РИСТЕСКИ

Пренесена изборната граѓанска волја

7299-ilija-jovanoski-ja-prezede-funkcijata-gradonacalnik-na-opshtina-prilep-960x600-7

Една недела Илија Јованоски од СДСМ веќе е градоначалник со 4 годишен мандат на местото од досегашниот татко на градот Марјан Ристески кој го водеше градот 12 години. Примопредавањето на фунцијата мина во коректна и културна атмосфера како што доликува на политички ривали со дигнитет и интегритет.

Со тоа се пренесе граѓанската волја од локалните избори на 15 октомври, на кои кандидатот на СДСМ со коалицијата, Илија Јованоски, го победи кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ со коалиционите партнери, Марјан Ристески со разлика од околу 2700 гласови.

Јованоски се заблагодари на Ристески и изрази радост што примопредавањето минало во исклучително позитивна атмосфера и на достоинствен начин.

– Уверувам дека ќе бидам градоначалник на сите и стојам зад сите ветени проекти кои ќе се реализираат со поддршка на граѓаните – рече Јованоски.

– На Илија Јованоски му го честитам новиот четиригодишен градоначалнички мандат, му посакувам здравје, успеси во работењето и да ги реализира сите проекти во интерес на граѓаните – посочи претходниот градоначалник Ристески. 

Loading