ДВЕ МЕЧИЊА НА ПАТОТ

2 Pazi mezinja na patott

Две кафеави мечиња биле забележани во нивите кај селото Ропотово. Небаре огромни „чоколадни“ топки кои се прпелаат на патот, регистрира камерата на паметниот телефон од случаен минувач. Граѓанинот успеал да ја долови сцената кога најверојатно во потрага по храна, крзнените сештојадни цицачи се појавиле на фреквентната сообраќајница. Шеговитите прилепчани велат дека, можеби мечињата си ја барат својата мајка, која пак “загинала” во сообраќајка…

Кај нас мечките се заштитен вид и се среќаваат во националните паркови Галичица, Маврово, Пелистер и во околината на резерватот Јасен. Често се случува да слезат од планините во селата во потрага по храна. Љубители се на мед од пчеларниците.

Во Македонски Брод е пронајдена скулптура во облик на мечка. Истражувачите од центарот за карпеста уметност укажуваат дека се работи за скулптура од периодот на неолитот.

Мечките имаат крзно чија боја варира од светло до темно кафеава, а влакното може да достигне до 10 сантиметри. Поседуваат 42 заба, вклучувајќи и заби кои се карактеристични за месојадите. Возрасен мажјак тежи во просек од 135 до 205 кг, а женката од 90 до 150.           

Loading