Ракомет
Митко Стоилов (34), долгогодишниот репрезентативен бек, ги засили редовите на Прилеп, по распадот на неговиот претходен клуб Младост Богданци. Доведен е за даде придонес со своето искуство. Досега одигра два меча (со Пелистер при поразот дома со 23-26 и со Вардар јуниор при победата на гости со 17-25). Што се однесува до вториот натпревар во Скопје, трите бода се освоени со сигурна игра. Голманот Јовановски имаше 12 одбранети удари и седмерец, а стрелци беа: Бозароски 6, Петкоски 4, Вешоски и Тренчевски по 3, Шокоски, Јанчев и Шаин по 2, Амзоски, Рајатовски и Јанески по 1.
Поради репрезентативните настапи следи пауза, а следниот меч е на 4 ноември дома со Еурофарм работник Битола.
Женската екипа на Деспина со отпор загуби од повеќекратниот шампион Металург. Испуштени беа многу шанси за резултатско доближување во второто полувреме, така и конечниот исход е 19-26. Добро бранеше Богеска, Камческа деде 8, Димова 6 гола. Следните два меча се на гости, во Гевгелија и со Овче Поле во Свети Николе.