БОРБА ЗА ОЛИМПИЈАДА

Пинг-понг

Пингпонгарот на Младост 96, Александар Рикалоски, од 2 до 5 ноември ќе учествува во квалификациите за Младинските олимписки игри, планирани за 2018 година, во Буенос Аирес, Аргентина. Тој е единствен претставник на државава, а е меѓу 32 пријавени од цела Европа. Патот до целта ќе биде мошне тежок, бидејќи само четворицата најдобри ќе обезбедат виза за аргентинската метропола. Затоа надежниот пингпонгар имаше сериозни еднонеделни подготовки во Зрењанин, Србија, низ инструкции на тренерите од Војводина.

Во втор план се обврските во домашната Супер лига.

Loading