ПРАЗНИЧЕН ТУРНИР

Одбојка

В среда (10 часот) во салата од СОУ „Ѓорче Петров“ ќе се одржи традиционалниот женски одбојкарски турнир, по повод празникот 11 Октомври. Покрај домаќинот, 11 Октомври, клуб кој одбележува 56 години од постоењето, ќе учествуваат уште Љуботен (Тетово), Планет и Форца (Скопје ). Прво се полуфиналните натпревари, а победниците ќе се сретнат во финалето. Мечевите ќе бидат до два добиени сета. За прилепскиот тим е добра можност за нови контроли пред првенството во Младинската лига, по претходните пријателски мечеви со Шутова Кичево, Крушево и Пелистер волеј Битола.

Loading