Џудо
Во салата од Гимназијата „Мирче Ацев“ Џудо клубот „Бушидо“ го прослави третиот роденден со торта и подароци. Со задоволство беа сумирани резултатите: над 100 џудисти биле клупски членови, петмина станале државни прваци, освоени се 125 медали за две неполни натпреварувачки сезони, организирани шест државни натпревари. Покрај домашни, има учества и на меѓународни турнири. Од спонзорот ,,Моцарт” обезбедени се 10 оригинал кимона за репрезентативците, а најавени се уште изненадувања.