ТРКАТА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК И СОВЕТНИЦИ

izboriЛокални избори 2017

Во тек е кампањата за локалните избори кои ќе се одржат на 15 октомври. Во трката за градоначалник се двајца кандидати.

ВМРО-ДПМНЕ  во Прилеп каде во претходните изборни циклуси 12 години освојуваше огромна поддршка, продолжува со Марјан Ристески кој по четврт пат ќе ја бара довербата од прилепчани, со стотиците реализирани проекти и целосно променетиот лик на градот.

Опонент од СДСМ му е 62-годишниот Илија Јованоски, кој беше претседател на општинската организација и член на Советот на општината.

На изборите во Прилеп ќе се избираат и 27 советници за Советот на општината.

Шестите локални избори во Македонија ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.

Партиите ја бараат довербата од граѓаните на локално ниво обраќајќ им се на гласачите преку секојкдневни прес конференции, средби со граѓаните и митинзи. 

Loading