ПРЕДЛОЗИ ЗА ОПШТИНСКИТЕ НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА 3 НОЕМВРИ

За празникот на градот

3-ti noemvri

По повод одбележувањето на празникот на Општина Прилеп – „3 Ноември“, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, како секоја година така и оваа година доделува општински награди и признанија „3 Ноември”  како и награда за животно дело.

Признанијата и награди се доделуваат на физички и правни лица за достигнувања во општествениот, стопанскиот, културно – уметничкиот и политичкиот живот.

Предлог за доделување награди и признанија можат да дадат претпријатија, здруженија и граѓани како и други субјекти.

Се доставуваат до Комисијата за одбележување празници и манифестации  и доделување награди и признанија при Советот на Општина Прилеп од 22 септември до 13 октомври, а по истите ќе одлучува новоформираната Комисија за одбележување празници и манифестации  и доделување награди и признанија при Советот на Општина Прилеп.

Предлозите треба да бидат образложени, аргументирани и да ги задоволуваат критериумите за посебни достигнувања во Општината во соодветната област, за периодот од 3 Ноември 2016 година до денес, односно за животно дело на кандидатот, кој подолг период впечатливо е присутен со значајни остварувања во својата област.

Loading