ИН МЕМОРИАМ
ИЛИЈА ГЛИГОРОСКИ
На 22.09.2017 година, ненадејно почина Илија Миланов Глигороски, пензиониран диломиран правник, роден во Прилеп во 1939 година. По завршувањето на високото образование во Скопје, предано и успешно извршуваше повеќе значајни професионални и општествено-политички функции на општинско и републичко ниво, меѓу кои: началник во Службата за државна безбедност и контраразузнавање за Прилеп, претседател на Извршниот совет на Собранието на Прилеп и претседател на Соборот на општините на Собранието на СР Македонија.
Беше еден од основоположниците на македонскиот бодибилдинг спорт и негов афирматор.во земјава и во странство.