БУБАЊА ПОЧНА ОД СКОПЈЕ

Фудбал

Misija za spas na Pobeda - Slavoljub Bubonja

Како непишано правило последниве години, тренерите да се менуваат во почетнте пролетни или есенски кола, така и по поразот дома од Работнички (2-4) Зоран Штерјовски замина, а го наследи 50-годишниот Црногорец, Славољуб Бубања. Тој е  непознато име за јавноста, а во родната земја има резултати за почит – освоен куп со Челик Никшиќ, прогласен за најдобар тренер, потоа со неколку учества во евро-куповите. Работел и во Јединство Биело Поље, Младост (Босна) и Морнар Бар, од каде што доаѓа. Пред него е тешка задача. Победа во првите седум кола освои само пет бода, што е далеку под очекувањата за пласман во средината од табелата. Но, има време и надеж за подобро.

По поразот во Кратово (1-0) од Силекс, во средата беше мечот дома со последното Скопје (4-2), каде Бубања првпат седна на клупата, а в недела е гостувањето кај  Ренова во Тетово.

Loading