ПРАКСА ЗА ЦВЕЌИЊА

СОУ „Орде Чопела“

6 Prakticna nastava po hortikultura vo SOU Orde Copela

Со учебната година почна практичната настава за техничарите за хортикултура во СОУ „Орде Чопела“. Првите часови во природа се посветија на осознавање и на осмислување на простор во кој виреат растенијата за да се обучат како најдобро може да се одгледуваат билките. Са таквиот начин на настава го почувствуваа влијанието на атмосферата и важноста на хидрологијата, со намера прво да добијат претзнаења за почвата добиени од професорката Анита Ѓоргиоска.

Преку училишната пракса се подига свеста мотивираност и желбата да работат на полето на хортикултурата. Учениците го чувствуваа значењето за заштита на животната средина и одгледувањето на што повеќе растенија, особено цвеќиња. Се сретнуваа со нови стручни предмети за зголемување на интересот за струката која носи љубов, радост и уживање, затоа што такви се цвеќињата, растенијата, зеленилото и нивното уредување во просторот. 

Loading