Меѓу стотина возачи на џипови на трката во околината на Кичево двајца прилепчани се закитија со награди. Особено радува што младиот Сашо Цуцулоски со својот Нисан Патрол во меката категорија, го запоседна на тронот, освојувајќи го првото место во конкуренција со многу поискусни запаленици на офф роуд турите и натпреварите. Во категоријата тврда комплицирана патека, нашиот Лало Милошески го освои пехарот меѓу ривали од земјава со фризираниот теренец Нисан, налик на вселенско возило.
Десетина прилепчани со силните машини се бореа за добро место и уживаа во вештините на управувањето со џиповите со љубителите на возење со џипови низ кал, шума, камења и прашина, низ удолнини и нагорнини од земјава.