Претстои викенд за планинско трчање на седмото издание на трката Крали Марко Треилс. Најстарата и набројна трка со меѓународен карактер година ги урива рекордите со учество на 400 тркачи од 22 земји во трки со различна должина и висинско искачување прилагодени за секој учесник. Заедничко е тргнувањето од Варош и минувањето низ неповторливото сценарио на Марковите кули и манастирот Трескавец.
Организаторите на трката здружението Трекс, ПСД Макпетрол и Општина Прилеп, стартот на трките Крали Марко Ултра Треил 110 км, Козјак Треил 65 км, Трескавец Треил 16 км, Камена Баба Треил 31 км и Маркукуле Треил 1 км, го распоредија во два дена. Шаренилото дава трката на 1 км, на која ќе настапат 100 дечиња.
Љубителите на спортот, планинари, рекреативците низ природа мотивирани се од мистиката и духовноста на историските места и легендите кои живеат и одново го раскажуваат митот за Варош и Крали Марко.