ЃОГДЕРЕ СО ЗЕЛЕНИЛО И ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ

8-4 1

Се интензивираат градбата на новиот парк со детско игралиште  меѓу зградите во населбата Ѓогдере. Паркот ќе се простира на 3000 м2. Вложени се два милиони денари од буџетот на локалната самоуправа. Се очекува паркот да биде готов за неколку недели.

Паркот ќе има езерце, детски играчки, летниковци, пешачки патеки и друга урбана опрема.

Жителите се среќни, оти децата ќе можат слободно да играат.          

– Место беше само трева и дупки. Радосни сме што се забавно детско катче Уште да се загради узгралиштето поради безбедност – вели Димче Илиески.

– Вакви уредени паркови треба да има насекаде. Наместо депонии да се креваат зеленила и уредени простори. И постарите ќе го минуваме слободното време во муабет – вели Ѓорѓи Димески.

Локалните власти вложуваат и во доуредување на Точила 2 кај ОУ “Блаже Конески”. Претензија е да се дисперзираат парковите по населбите. Уредени се над 200.000 м2 нови зелени површини.               

Loading