СКОК ПРЕКУ 175 САНТИМЕТРИ

Историја

Прилепската атлетика има рекорд ненадминат 64 години. Го поставил некогашниот голман на Победа, Веселин Веледериќ Тофоски. кој бил сестран спортист, а се занимавал и со атлетика. Четирипати скокнал во височина над 175 см. Двапати прескокнал за време на студиите на ФФК во Белград, во 1953 и 1954 година. Резултатот го повторил како член на АК Работнички на митинг во Скопје во 1954 година. По година – две, истсот скокнал во кругот на прилепскиот гарнизон, на денот на пуштањето во употреба на спортскиот комплекс.

Скоковите биле изведени со американската техника “стредл”.

Loading