ЛЕСЕН „ДОФАТ“ НА МАНСТИРСКИТЕ БИСЕРИ

– Манастирите се реконструираат и со патишта се доближуваат до туристите

 – Се прзентира богатото културно наследство

Bleska Arhangel Mihail

Локалната самоуправа во соработка со министерството за култура и Заводот и музеј поледниве години посвети големо внимание во зачувувањето на културното и историското богатство. Дел од тоа наследство секако се и познатите манастирски комплекси, Успение на Пресвета Богородица – Трескавец, манастирот Свето Преображение во селото  Зрзе и манастирот Свети Архангел Михаил во Варош. Културните бисери од вековите, а и останатите помали манастирски зданија последниве години добија асфалтни врски, дел нови конаци, други комлетна реконструкција.

Praznikot v godina na Treskavec vo novi konaci

Од 2013 година до Трескавец се стигнува по асфалт. Во патот од 7,5 км. се вложија 1,8 милиони евра. Интензивно се градат опожарените конаци чија реконструкција чини околу 120 милиони денари. Обновата се очекува  в година. Паралелно се реконструира и реставрира црквата, старата трпезарија, магерницата, магерничкиот конак и камбанаријата.

По асфалт се стигнува и до Свето Преображение – Зрзе. Асфалтирани се 7,5 км. за 1.6 милиони евра. Се осветија и новоизградените монашки конаци на духовното светилиште во Зрзе. Државата даде околу 92 милиони денари. Таму се реконструираа и владички конаци и се третираше археолошки бигорната карпа врз која е изграден манастирот.

Sveti Nikola vo  Mariovo

Лани комплетно се реконструираше и обнови источниот конак на манастирот Свети Архангел Михаил за 13 милиони денари. Нови конаци доби и манастирот Свети Никола во селото Манастир во Мариово, каде секоја година се заштитува и конзервира црквата од 11 век.

Лесно достапни станаа и манастирот Свети Димитрија во селото Селце, и новата црква во селото Волково, откако се поврза со асфалтни патишта. Граѓаните со поддршка на донатори и локалните власти ја кренаа и црквата Покров на Пресвета Богородица во месноста Кула, Света Петка кај селото Лениште. Црква се гради и во близина на Маркова Чешма. Две, од трите мали цркви во градот, веќе ги прибираат верниците. Станува збор за Свети Елена и Константин, Свети Кузман и Дамјан во дворот на Болницата и Свети Наум кај салата Македонија, која е при крај. Има проекции за храмови во населбите Сточен пазар, Жабино Маало и Тризла. 

Zrze zraci

Сјајот на храмот Св. Петка

После 100 години во Точила се изгради нова црква посветена на Св. Петка. По седум години никна велелепниот храм со поддршка на повеќе донации на граѓаните, бизнис секторот и локалната самоуправа. Храмот се освети на 24 октомври 2015 г.

Црквата доби и камбанарија, а хортикултурно се уреди и малиот плоштад. Просторот се украси со фонтани, клупи, канделабри и друга урбана опрема. Иконостасот е од бел мермер. И фрескоживописувањето е при крај.

za ramka  Sveta petka po eden vek

Според проектот, треба да се изгради уште административен објект за свештениците, кујна и трпезарија за верниците.

za  ramka Cel grad - daritel

Црквата негува и свој хор.         

Loading