ПЕНА ВО ФОНТАНА

6 Pena party

Се запени фонтаната меѓу зградите на улицата „Димо Наредникот“.

Небаре облаци бели легнале врз водата или пак волната од Пејо Мариовецот. Со какво средство била предизвикана пенливоста на водата која се засилила со водоскокот не дознавме, ниту пак која била причината за оваа забава, или пак невкусна шега.

Прилепчани не би биле прилепчани доколку не се и мајтапџии. Од друга страна, добрите фоторепортери сé забележуваат. 

На летните лудории уште им нема крај!

Loading