ПОЕТСКО ЧИТАЊЕ

Прилепско културно лето

Петнаесетина членови на Клубот на литературни творци – Прилеп ќе настапат вечерва од 20 часот на манифестацијата Поетско читање во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков” во рамките на Прилепското културно лето. Поетите ќе презентираат дел од своите стихови со музичка илустрација. Ќе биде претставен и првиот број на поетскиот алманах издаден од Клубот пред неколку месеци, со творештвото на нашите поети од различн и генерации.

trio dolceКонцерт на ТРИО ДОЛЦЕ

Концерт на ТРИО ДОЛЧЕ  ќе се одржи вторник од 20 часот во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков”. Членовите – Андријана Дукоска на виолончело, Светлана Богданоска – флејта и Марија Шамоска – Буџаковски на пијано ќе  исполнат програма со дела од Пјацола, Фаренц, Вебер.

Сограѓанката, виолончелистката Андријана Дукоска, завршила ФМУ во Скопје. Учествувала на државни натпревари и е добитник на награди. Била дел и од повеќе семинари. Настапувала на значајни и културни манифестации меѓу кои и на Прилепско културно лето.  Била член во гудачки квартет, а од 2015 г. е еден од основачите на црковниот хор „Св. Петка”.

Богданоска пак е дипломец на ФМУ во Скопје. Музичката наобразба ја надградувала на работилници и семинари кај истакнати музичари. Добитник е на повеќе државни и меѓународни награди.

Пијанистката Шамкоска Буџаковски завршила  ФМУ во Скопје, каде ги завршила и магистерските студии. Учествувала на државни и меѓународни натпревари. Добитник е на повеќе награди. Посетувала семинари и настапувала на културни манифестации. Член и музички соработник е во мешаниот хор при КУД “Стив Наумов” во Битола. Таа е професор по пијано и музички соработник во ДМУ во Битола.  

Loading