МНОГУ ВЛОЖУВАЊА, ПОЛНО ЕФЕКТИ

Во средните училишта

DSC 0604

Освен во основните, во последните 12 години Прилеп направи огромен број на капитални и историски инвестиции во средните училишта. Во СОУ „Кузман Јосифоски Питу” инвестирани се околу 50 милиони за новата спортска сала од кои 24 милиони денари за целосната реконструкција на училишниот објект, нов покрив, термо фасада, промена на внатрешната и надворешната столарија, нов скалишен простор, реконструкција на санитарните јазли, набавка на фитнес опрема, нови парни котли и котларница во стариот објект за потребите на спортската сала и партерно уредување на дворот.

Во СОУ „Ѓорче Петров” се вложени околу 51 милион денари за нова спортска сала од 24 милиони денари, ново централно греење, промена на надворешна и внатрешна столаријата, партерно уредување на дворот, изградба на нов влез во објектот, санација на дел од санитариите, отворање на реална компанија за практична настава за шумарско-дрвопреработувачката струка и уредување на центарот за практична настава.

Точно 29 милиони денари се вложени во СОУ „Орде Чопела” за целосна промена на надворешната и внатрешната столарија, санација на санитарните јазли, целосна реконструкција на спортската сала, реконструкција на хемиската лабораторија, отворање на нова ветеринарна амбуланта, отворање на реална компанија, пекара, нов асфалт на спортското игралиште и партерно уредување на дворот.

{AG}464/obraz{/AG}

СОУ „Ристе Ристески – Ричко” е дотерано со околу 68 милиони денари вложени во  нова спортска сала со трибини од 40 милиони денари, комплетна промена на надворешната столарија, санација на подови на дел од училниците, нови парни котли и отворање на реална компанија – автомеханичарска работилница.

Во гимназијата „Мирче Ацев” се инвестирани околу 28 милиони денари за промена на дел од надворешната столарија, промена на подовите во училниците, санација на санитарните јазли и на централното греење, за целосна реконструкција на спортската сала, за изградбата на повеќенаменското игралиште, за градбата на тениско игралиште и комплетното заградување на  дворот.

Последниве 12 години во сите основни и средни училишта се реализирани капитални проекти од типот комплетна набавка на нови клупи и столчиња, проект компјутер за секое дете и набавка на бесплатни учебници за сите ученици. Во средните училиште се отворени нови 16 образовни профили, и тоа во СОУ „Орде Чопела”: ветеринарен техничар, техничар за очна оптика, геодетски техничар, техничар за агроменаџмент, техничар нутриционист и геодетски техничар, во СОУ „Ѓорче Петров”: фармацевтски лабораториски техничар и физиотерапевтски техничар, во СОУ „Кузман Јосифоски – Питу”: банкарски техничар, деловен секретар и правен техничар, во СОУ „Ристе Ристески – Ричко”: спортска гимназија, техничар за транспорт и шпедиција, техничар за патен сообраќај, графички техничар, и спортската академија за фудбал во гимназијата „Мирче Ацев”.

Локалната самоуправа нема да застане, тука ќе инвестира по еден милион евра годишно во осовременување на училишните објекти во иднина.

Дел од позначајните и поголеми проекти кои се планираат се нови термо фасади за сите училишни објекти, изградба уште на три спортски сали во ОУ „Кочо Рацин”, ОУ „Кире Гаврилоски – Јане” и ОУ „Блаже Конески”, изградба на повеќенаменски игралишта во ОУ „Кирил и Методиј” во Канатларци и ОУ „Рампо Левката”, нови системи за централно греење во училишните објекти во Мало Коњари, Големо Коњари, Тополчани и Старо Лагово, целосно препокривање на училиштето во Канатларци и нови санитарни јазли во подрачното училиште во Бонче, санација на санитарните јазли во ОУ „Гоце Делчев”, санација на игралиштето во ОУ „Кире Гаврилоски – Јане”,  реконструкција на подрачното училиште на ОУ „Добре Јованоски”, нови парни котли и санација на централното греење во ОУ „Рампо Левката”, партерно уредување на дворот во подрачното училиште на ОУ „Климент Охридски” во Мажучиште, промена на останатиот дел на надворешната столарија и нов покрив во  гимназијата „Мирче Ацев”, адаптација на старата котларница во СОУ „Ристе Ристески – Ричко” за нови работилници за практична настава и целосно оградување на дворот, како и промена на дел од подовите и санација на санитарните јазли, оградување и партерно уредување на дворот во СОУ „Ѓорче Петров” и целосна санација на санитарните јазли, партерно уредување на дворот во СОУ „Орде Чопела”, реконструкција на стариот објект до СОУ „Кузман Јосифоски – Питу”, набавка на нагледни средства за сите училишта, посебно за практична настава, како и нови спортски реквизити, отворање на детска градинка во училишниот објект во Мало Коњари и училиштето во Кадино Село.

Loading