И ПРИЛЕПЧАНИ НА ФРАНКОФОНСКИ КАМП

6 Ucesnici na frankofonskiot   kampУченичката Софија Гешоска од ОУ „Гоце Делчев“ под менторство на професорката Ирена Наумоска, од утре до 26 август во Струга, ќе учествува на четвртиот меѓународен франкофонски камп под мотото „Слободни, заедно ги уриваме границите”. Таа е меѓу најдобрите 39 ученици–франкофони од шест франкофонски земји: Македонија, Молдавија, Романија, Бугарија, Ерменија и Албанија. Како домаќин, нашата земја ја претставуваат 7 ученици од основните училишта кои покажале најдобри резултати на натпреварите по француски јазик. Претставниците од секоја земја ќе ја претстават културата и традицијата преку народни ора и танци, домашни специјалитети, итн.        

Loading