БАГЕРИ ЈА ЧИСТАТ ВЕГЕТАЦИЈАТА НА КОРИТОТО

8 Leta vodata po cistite knali

Интензивно се чистат два километри од коритото на Градската река во близина на Кадино Село. Станува збор за продолжение на ланската програма за спречување на ризиците од поплави пред претстојните дождови.

– Програмата содржи чистење и санирање на насипот на Градската река. Кренати се насипи од ниската и високата вегетација, во случај на поројните дождови да ги загрозат приносите на земјоделските површини. Спречени се можностите од поплави – вели Гордана Тошеска, директор на Водостопанство Прилепско поле.

Чистењето ќе ги намали опасностите за поголеми количества талог и на долниот тек на реката и каналите. Се чисти и дел од Селечка река, а пред неколку дена почна чистењето на Дабничкиот канал.

Loading